Списанието Форбс објави список на 100 најмоќни жени во светот, на кој германската канцеларка Ангела Меркел одново се наоѓа на првото место – 10 години по ред.

На второ место е шефицата на Европската централна банка, Кристин Лагард, а на трето е Камала Харис, новоизбраната потпретседателка на САД.

На четвртото место е претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а на 18-то е директорката на ММФ Кристалина Георгиева.

На листата на 100-те најмоќни жени се и сопругата на милијардерот Бил Гејтс, Мелинда Гејтс, ТВ ѕвездата Опра Винфри, кралицата Елизабета Втора, претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, премиерката на Нов Зеланд, Jаинда Ардерн, како и пејачите Ријана и Бијонсе.