Фондот за здравство ги скрати парите за кардиолошки интервенции по приватните клиники објавува порталот МКД.мк.
На последниот работен ден од 2023 година, Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе одлука за кратење на средствата за покривање на операции на кардиоваскуларните заболување за приватните болници.
МКД го објавува образложението на оваа одлука според која кардиоваскуларните заболувања се најчестите заболувања во Македонија, а за нивен третман се трошат огромни средства.
Од Фондот велат дека голем дел од овие операции можат да се изведуваат во државната Клиника за кардиохирургија, па најголемиот дел од парите за кои ФЗО ги покрива трошоците ќе одат на сметката на јавната здравствена установа Универзитетската клиника за државна кардиохирургија и кардиологија.
Намален е бројот на покриени операции за приватните здравствени уставнови, клиничките болници Систина – Аџибадем и Жан Митрев.
Во одлуката пишува дека за овие операции се користат скапи материјали за вградување (стентови, валвули…), како и скап потрошен материјал за извршување на интервенциите (катетери, водичи на жици…). Па затоа неопходно било да се дефинира максималниот број на овие процедури и здравствени установи каде што ќе може да се изведуваат процедурите.
Па така не пример за 66 операции за трансаортална имплатанција или репласман на валвула, во државната кардиологија во 2024 година ќе бидат покриени 50 операции, а во клиниките Жан Митрев и Систина Аџибадем по 8.
Таков е односот на бројките и за другите видови на операции.
Во одговорот на прашањето на МКД.мк за причините за ваквата одлука, Ирфан Лимани, директорот за комуникации во ФЗО не дава конкретни информации што укажува на можноста Фондот да почнува војна со приватните болници во која ќе настрадаат десетици срцеви болни пациенти.
За разлика од приватните болници на државните клиники јавна тајна е дека има високо ниво на корупција во која пациентите мораат да платат ,,под рака” ако сакаат да добијат термин за операција.
Со одлуката на Фондот опасноста од корупција за овој вид операции се зголемува драматично.
Во исто време лекари во Државните клиники тврдат дека се форсираат скапи комплицирани операции наспроти интервенциите кои се укинуваат на приватните болници кои се многукратно поефтини.
Сите детали од текстот на МКД.мк на овој линк