Фондот за иновации одбил проект за фабрика за материјал на иднината (ВИДЕО)

Погрешна процена, слаби политички конекции или обичен реваншизам од балкански тип се меѓу можните опции поради кој владиниот Фонд за иновации одбил проект за материјалот на иднината.

Проектот за фабрика за производство на графен, материјал на 21 век што се користи од вселенската до автомобилската индустрија, што го поднел д-р Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје бил одбиен од Фондот за иновации, објавува во своето најново видео проектот Видивака.

Еден килограм графен на светскиот пазар чини 5000 евра.

Лани Фондот за иновации на скандалозен начин и процедура даде стотици илјади евра на проекти на високи функционери на СДСМ и на лица блиски на советници и најблиски соработници на премиерот Заев.