Фон дер Лејен објави нова помош за Украина – штедливи светилки

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, при посетата на Киев објави нова помош од Унијата за Украина во вид на – штедливи светилки.

„Заедно, носиме светлина во Украина!


Украинците можат да ги заменат своите стари светилки во пошта за енергетски ефикасни ЛЕД-светилки.

ЕУ со задоволство обезбедува 35 милиони од нив.

Секој киловат заштедена енергија е драгоцен во спротивставување на руската енергетска војна“, порача таа преку социјалните мрежи.