Фон дер Лајен денеска во Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигнува во официјална посета на земјава, од каде ја започнува четиридневната турнеја низ Западен Балкан.

Шефицата на ЕК денеска ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски, додека утре ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Фон дер Лајен од Скопје, ќе отпатува за Приштина, а потоа ќе ги посети Подгорица, Белград и Сараево. Посетата, како што е најавено, Фон дер Лајен ќе ја искористи да разговара за билатералната соработка со регионалните лидери и за подетално да им го претстави Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.