Струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ ги отфрла написите во „Ла Верита“ за негова вмешаност во поткуп на гласови за изборите во 2014 година.
„Мене и јавноста ова не потсети на методите и дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми од едно минато време на режимот“, вели Вице Заев во изјава за Фокус.
„Време на конструкции, монтажи, монтирани случаи во судството и обвинителството, јавен отстрел на семејства, неистомисленици… Време кога главна мета на најдолните измислици и монтировки беше токму Зоран Заев. Сите овие монтирани случаи и местенки, вклучително и за ова што сега очајно се повторува, издишаа како балон, затоа што за измислици не може ниту да има докази – ни изјави Заев.
Тој тврди дека бил постојано прислушуван за време на претходната власт на ДПМНЕ и Груевски, меѓутоа, како што истакнува, од сето тоа не произлегно ништо и затоа се им пропаднало.