Со назнака ,,ТЕНДЕРОТ ЗА БЛАЦЕ И ХОТЕЛОТ НА ШАПКА”, неделникот Фокус објавува скандал кој може да открие високи владини претставници кои се дел од тајна трговија вредна милиони евра.
„Фокус“ открива дека „Гранит“ го продал хотелот на Попова Шапка на фирма за осветлување со еден вработен што работи со загуба, па добил нов милионски тендер вреден над 11 милиони евра за комплетирање на трасата од автопатот кон Блаце во должина од 2 километри.
Неделникот истражува дали продажбата на атрактивниот хотел на одлична локација по цена која одговара на една соба на Попова Шапка има врска со државниот тендер кој го контролира владата на ДУИ и СДСМ.
Повеќе во најновиот број на весникот Фокус.