Фокус: Мајка на директор од ДУИ на Онкологија ,,лажно” заведена како болна од рак

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија, Нехат Нухи во системот на болницата поточно во медицинска историја најпрвин се водела како онколошки пациент за подоцна истата да биде запишана само како анемична.

Неделниот за овој скандал објавил уште пред неколку недели во серијалот текстови за состојбата на клиниката.

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Зошто мајката на директорот била заведена со овој страшен статус а сега се зборува дека на клиниката се правела трговија со лекови кои завршувале на Косово повеќе на Фокус.

,,Таа не боледувала од никаков вид на карцином, иако во историјата пишува дека „имала“ рак на бели дробови, ниту пак примала онколошка терапија.

Тогаш, останува нејасно која е причината зошто била заведена со ваква страшна дијагноза?”, пишува неделникот.

Последни вести

Лидерот на Левица во лична пресметка со популарниот водител

Апасиев почна војна со новинар, Илиевски не му премолче на ,,Рутер војводата”