Физичка пресметка синоќа во автобус на ЈСП

На 22.09.2022 во 19.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека полициски службеник задржал две лица кои кај Стара Рампа, во автобус бр. 51 го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници, во која бил употребен остар предмет, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Имено, откако по вербална расправија за место за седење малолетник од с.Моране извадил остар предмет да нападне малолетник од с.Студеничани, не успеал во намерата и повредил малолетен другар од с.Студеничани, а се повредил и самиот. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници обезбедени се сите учесниц и во настанот, двајцата малолетници со посекотини на рацете биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок велат од МВР.