Скандалозна физичка пресметка се случила денеска на државна кардиохирургија каде стариот директор Сашко Јовев физички го нападнал новиот директор Марјан Шокаревски.
Во инцидентот настрадала и медицинска сестра која според МВР поминала со вербален напад а според извори во клиниката била физички нападната заедно со уште едно лице.
МВР официјално информира дека денеска околу 10.00 часот во СВР Скопје добиена е пријава од Клиниката за кардиохирургија дека С.Ј. (вработен во клиниката) вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во ПС Центар.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Екс директорот негира дека нападнал
Кардиохирургот Јовев негира дека тој нападнал, вели дека е жртва