Фирма од Желино ќе го преадаптира СЦ „Борис Трајковски“ за конференција на ОБСЕ

Речиси два милиони евра за само една конференција која треба да се одржи во декември ќе бидат потрошени за министерскиот состанок на ОБСЕ со кој претседава Македонија.

Тасевски: Слупчане и Желино посилни од државата

Елмедин Адеми внукот на поранешниот министер Абдулаќим Адеми и неговата градежна фирма „Еуровиа“ од Желино ќе добијат 1.8 милиони евра за преадаптација на спортската сала „Борис Трајковски“.

Договорот е склучен на 21 август, а работниците веќе започнаа да работат во „Борис Трајковски“.

Јавната набавка е спороведена како отворена постапка без електронска аукција, а единствен критериум била најниската цена.

На тендерот се пријавиле вкупно четири компании и избрана била „Еуровиа“ на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер од ДУИ, Абдулаќим Адеми, но и фирма која лани, заедно со нејзиниот сопственик, беше најголем донатор на ДУИ.

Исто така, сопственикот Ељмедин лани на ДУИ како физичко лице и донирал 2.509.200 денари, додека правното лице „Еуровиа“ донирало 1.845.000 денари.

„Еуровиа“ за неколку месеци добила на тендер неверојатни 4 милиони евра од државната каса. Освен Министерството за надворешни и министерството за внатрешни работи во мај годинава склучило договор со истата Еуровиа од Желено за изградба на полициска станица во општина Ародром вреден 2.1 милиони евра.