Градежната компанија Атриум, во сопственост на семејството на пратеникот исклучен од ВМРО-ДПМН Крсто Мукоски, кој лани гласаше за уставните измени за промена на името доби уште еден тендер – овој пат од 3 милиони евра, дознава Фокус.

Ова н е е порв пат…

Според податоците од Бирото за јавни набавки, Атриум ДОО од Вевчани и УХМР во јули годинава склучиле 3 договори за реновирање и санација на објектите на метеоролошките станици и полигони во Берово и Виница, вториот за метеоролошките станици во Лазарополе и Пожаране и третиот за станиците во Претор и Охрид.

Во последниот период компанијата склучила уште неколку договори за јавна набавка, така што во минатата 2018 година склучила договор со Министерството за образование за реконструкција на училишта од над 7 милиони денари, со Град Скопје за енергетски фасади од 2,5 милиони денари, но најголем е договорот до ПУИК за тековно и инвестициски оддржување на објекти од 42 милиони денари, пишува Фокус.

Според податоците од Централниот регистар, сопственици на компанијата формирана во далечната 1944 година се таткото и братот на пратеникот Мукоски – Милан и Бобан Мукоски.

Колку за потсетување, по промената на власта, новата влада ја обвини нивната компанија дека склучила неповолен договор со претходното раководство на ПУИК за Националната арена Телеком, така што, говореше тогаш владиниот генсек Драги Рашковски, само варосувањето чинело 10 евра по квадрат.