Фирма донатор на ДУИ доби уште еден тендер од милион евра

Министерството за животна средина и просторно планирање ја избра „Еуровиа“ од Желино за повеќе од 1 милион евра да регулира дел од одводниот канал во Арачиново, на тендер на кој се бараше најниска понуда, дознава Плусинфо.

Вредноста на договорот е 63.888.215 денари или 1.038.833 евра.


„Еуровиа“ во последен период добива најголем дел од тендерите кои ги распишуваат институциите – реконструкција на СП „Борис Трајковски“, главен подизведувач на „Бехтел и ЕРнка“ за изградба на коридорите 8 и 120Д….