Две децении РЕК Битола е „непресушен“ рудник за богатење на олигарсите на било која власт која оперирала. Минатото ни укажува и сведочи дека после секоја власт, излегуваат на површина сите тендери кои биле доделени од актуелниот менаџмент кон фирмите, како лесен начин за богатење бидејќи се работи за милионски суми.

Првиот дел на истражувачката сторија на „Нетпрес“ говори за патот на парите од тендерите за снабдување со мазут во ЕЛЕМ.


Која е фирмата која ги добила тендерите за мазут во ЕЛЕМ и кој е нејзин сопственик?
Фирмата „Супертрејд“ е главен играч на власта за снабдување мазут во ЕЛЕМ. „Супертрејд“ е фирма на лицето Владимир Стајиќ, застапник на брендот „Галф оил“, човек кој наводно има блиски конекции со лица од раководството на СДСМ. Неофицијалните информации се и дека Стајиќ е наводно семеен пријател на Вице Заев. Исто така пред извесно време сестрата на Владимир Стајиќ беше поставена на функцијата Државен секретар во Министерството за финансии.

Ако пребарувате на сајтот за јавни набавки, никаде нема да најдете договори од тендери помеѓу фирмата „Супертрејд“ и ЕЛЕМ за набавка на мазут во вредност од 14 милиони евра, туку единствено ќе најдете неколку тендери за набавка на стоки во вредност од над 1,2 милиони евра.

Кој и зошто ги крие овие договори е нејасно, бидејќи тие треба да бидат јавни, иако се потпишани во четири очи.

Повеќе детали на Нетпрес