Финскиот министер за надворешни работи рече дека Хелсинки мора да размисли за влез во НАТО без Шведска, откако Турција останува на ставот дека нема да го поддржи влезот на Шведска во НАТО.
Турција е бесна по протестот пред турската амбасада во Стокхолм каде меѓу другото беше запален Куран.
Муслиманите згрозени од палењето на Куранот
Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека Финска и Шведска се подготвени да се приклучат на НАТО, откако турскиот претседател Таип Ердоган рече дека Шведска не треба да очекува поддршка од Турција особено по палењето на Куранот на протест во Стокхолм.
Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави за новинарите дека палењето книги кои се свети за многумина е чин на длабоко непочитување, додавајќи дека „нешто може да биде легално, но може да биде и многу лошо“.
