Финска: Кучиња на аеродром „намирисуваат“ коронавирус

Посебна бригада дресирани кучиња, обучени со мирис ќе откриваат присуство на корона вирусот кај патниците, им помага на властите на аеродром во Хелсинки.

Како што пишува „Хелсинки Саномат“, пилот-проектот, кој ќе трае до крајот на годината, вклучува 16 кучиња – по четири во смена.

Според студијата на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот во Хелсинки, специјално обучените службени кучиња се во можност точно да препознаат скоро сто проценти мирис типичен за луѓето со ковид 19.

Патниците кои пристигат ќе мора да си го избришат вратот со салфетка и да ја дадат да ја мирисне кучето. Ако почувствува инфекција, патникот ќе биде повикан да направи и лабораториски тест во медицинската соба на аеродромот.