Финска до 29 август нема да прима летови од Македонија

Финските власти ги суспендираа летовите од Македонија до 29 август по зголемениот број заразени патници со Ковид-19..

Предложената препорака на позитивни тестови за коронавирус кај патниците кои пристигнуваат од скопскиот аеродром. На 8-ми август 26 лица кои биле тестирани по пристигнувањето во Турку од Скопје со лет на Виз Ер биле биле позитивни.

Пет позитивни тестови биле пријавени на друг лет од истата дестинација минатиот вторник, а дополнителни 12 случаи биле откриени на летот што пристигнал минатата сабота.

Поради ова, финскиот министер за транспорт и врски, Тимо Харака ја предложил оваа мерка на финската влада. Тој истакнал дека мерката ќе биде привремена и додал дека слично дејствување не се разгледува за други летови.

Од Министерството за здравство информираа дека станува збор за патници кои доаѓаат во Македонија или транзитираат преку земјава, а најголем дел од нив се од Косово.

Комисијата за заразни болести вчера предложи да се воведе задолжителен ПЦР тест за ковид-19 за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава.