Финансискиот логистичар за скандалозните трошења на министерот Бујар Османи во министерството за надворешни работи доби висока дипломатска функција.
Актуелниот директор за организациски работи во МНР Идриз Фазлиоски со одлука на владата е поставен за Генерален конзул на Македонија во Истанбул, Република Турција.
Одлуката за именување на Фазлиоски на високата дипломатска функција како тој нема големо искуство во дипломатијата е донесена вчера на затворена седница на Владата.
Фазлиоски за неверојатно кратко време доби брзи три унапредувања во звања во МНР по што стана и организационен секретар на министерството.
Според правилата на МНР во негов домен се и јавните набавки меѓу кои се скандалозните изнајмувања на возила за кои за состанок на ОБСЕ државата плаќа по 5000 евра за два дена.
Во негова надлежност е и приспособувањето на салата Борис Трајковски каде ќе се случи состанокот на ОБСЕ за која МНР ќе плати над 1,5 милиони евра на фирма блиска на ДУИ
Според извори во МНР блиски на една од партиите од албанскиот опозициски блок брзото именување на Фазлиоски на високата позиција непосредно пред избори е најава на брзо напуштање на министерската функција на Османи и израз на огромна благодарност за соработката која опфаќа и скандалозни набавки вредни милиони евра.
Изворите тврдат дека Фазлиоски допрва ќе се соочува со тоа што го правел во МНР во соработка со Османи.
Фото: Фондација ЦД