Во својата анализа во која користи изјави на македонскиот министер за надворешни работи, европски и грчки експерти угледниот британски весник зборува за „Горна Република Македонија“ како опција за решавање на името во пресрет на средбите што шефот на дипломатијата Никола Димитров ќе ги има денеска во НАТО во Брисел.
Според Димитров како што пишува ФТ Македонија ќе размисли за нови предлози за своето привремено име во напорите да го одбликира грчкото противење за македонското членство во НАТО. Неговата порака до НАТО денес ќе биде алијансата да помогне да се смири целиот Балкан по политичките тензии кои што понекогаш се претвораат во крвопролевањње, тврди ФТ.
Според него прерано е да се зборува за некој конкретен предлог за името но британскиот весник во својот текст ја споменува опцијата Горна Република Македонија како едно од имињата кое што и предходно било во оптек.
ФТ цитира и неименувани извори во грчката влада кои што се поголеми оптимисти дека со новата влада ќе има поголема соработка отколку со предходната националистичка влада на Никола Груевски.
– Има основа за повеќе оптимизам за името и се надеваме дека ќе има напредок кога двајцата министри ќе се сретнат во Атина идната недела, вели грчки извор за ФТ кој сепак вели дека не треба да се брза и да се даваат лесни предвидувања.
Според Димитров било кое ново име ќе биде поставено на референдум а владата ќе бара поддршка за него од сите партии. Според аналитичарите кои ги консултирал ФТ договорот за името би можел да се случи за една година.
Во својата анализа ФТ вели дека предупредува дека грчката влада мора да „тргува внимателно“ додавајќи дека владиониот коалиционен патнер на СИРИЗА партијата АНЕЛ се противи на користењето на името Македонија во евентуално прифатливо име за северниот сосед а во предвид мора да се земат и националистичките кругови во владеачката грчка партија.
Текстот во ФТ е интересен и поради тоа што овој весник со долгогодишна традиција за само неколку часа го промени насловот на текстот за Македонија