Филмски работник откри зошто владата не испраќа помош за Словенија, корупција и криза во кризните ситуации

Директорот Максути на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) буквално призна дека Македонија не испраќа помош кон Словенија затоа што за домашни кризи се употребуваат услугите на приватни фирми.
За да се употреби тој канал потребна била одлука на Влада, објавува филмскиот работник Иво Антов.

Антов дава неколку информации кои досега јавноста не ги знаеше а се однесуваат на подготвеноста на владата да реагира за пожари, поплави и други елементарни непогоди.

– се признава дека криминалнава банда како и за секоја друга институција не купува сопствена машинерија и опрема туку изнајмува по којзнае какви астрономски цени од приватници.

– затоа пожари ни гаси полициски хеликоптер, кризите ги управува Стојанче со поглед, Ер тракторите не ги видовме со години, пожарникарна користи камиони од пред 70 години, амбуланти нема ни за заб.
Ама бројот на коли за функционери секојдневно расте, пишува Антов.

Владата досега не ги демантираше наводите на Антов.