Водителката Лила Филиповска во изјава за „Фокус“ демантира дека учествувала во измама на градежната фирма „Дан-Мак“, од каде ja обвинија дека им биле земени 250.000 евра за наводно учество во ЕУ проекти за изградба на домови на стари лица.
„Ноторна лага е тоа што го кажува госпоѓата, чие име и не сакам да го изговорам. Оваа хајка против мене трае веќе подолг период, со објавување на неточни и половични информации. Вистината е дека парите се вратени, за што доказ се и уплатниците кои ви ги доставивме. Во моментот се води граѓанска постапка, која е при крај, а која не треба да биде во интерес на јавноста, но очигледно е дека намерата е да се згази по мојата чест и углед“, вели Филиповска.
Вели дека е злоупотребено нејзиното име, без притоа никој да ја праша за нејзината страна од приказната.
„Фокус“ побара одговор Обвинителството околу тврдењата на Филиповска:
„Кривичната пријава најпрвин била отфрлена, а по жалба до Вишото обвинителство, биле дадени насоки да се извршат дополнителни проверки.
Утврдено е дека парите се вратени, за што се доставени и уплатници“, велат од Обвинителството, за Фокус.