Филипче загрижен: Денеска пет починати од Ковид-19!

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска изрази загриженост од последниот тренд на големиот број – на дневна основа – смртни случаи од Ковид-19 во Македонија .

„ Околу пет, за жал, починати пациенти се во последните 24 часа, информација што тукушто ја добив.“ рече Филишче во одговор на новинарско прашање.

Денеска министерот за здравство беше во посета на специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод завршување на проектот за гасификација на установата.