Министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче, со пофално слово за досегашниот лидер на владејачката партија и премиер во заминување Зоран Заев.

„Му благодарам на досегашниот претседател Зоран Заев за честа и довербата која ми ја укажа да бидам потпретседател на СДСМ. Особено ми е драго што имав можност да соработувам со него во време кога ги решаваше најважните и најтешките прашања во нашата земја. Тој е лидер од кого многу може да се научи за грижата, посветеноста и љубовта кон татковината. Честитки за изборот на Димитар Ковачевски, му посакувам успешна работа и многу победи за партијата. Верувам дека има знаење и мудрост да се справи со сите предизвици и да го обедини членството“, порача Филипче на Фејсбук.