Филипче: Вакцини стигнаа, од среда вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека вакцинацијата против ковид-19 во Македонија ќе почне в среда, а први ќе бидат вакцинирани здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар во Скопје, објави порталот СДакамДакажам.

Министерот ова го соопшти по примопредавањето на 4.680 дози од вакцината на „Фајзер“ од Србија за маконија на граничниот премин Табановце. Остатокот од 8-те илјади вакцини од Србија треба да пристигнат деновиве.

„Оваа криза покажа дека солидарноста е важна и дека не постојат граници. Ние сме целосно спремни, вакцините се веќе на пат да бидат сместени во соодветните фрижидери. После најавата во петокот вечерта на Фајзер, ние во текот на вчерашниот ден работевме. Го потпишавме трипартитниот договор, што беше практично услов да се случи оваа донација од Србија. Вакцините се денеска во нашата земја. Во текот на утрешниот ден ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови, после што вакцинацијата ќе започне во среда со здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје“, изјави Филипче.

„ Досега се пријавени 4000 здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2000 се во градот Скопје, а останатите се во другите градови. Со првата пратка на фајзерови вакцини од Србија ја почнуваме вакцинацијата на здравствените работници. Први ќе се вакцинираат здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар. Во однос на испораката на 200-те илјади кинески вакцини, работиме на последните детали, по што вакцините од кинескиот производител ќе стигнат во Северна Македонија. Сите вакцини се развиени на безбедни платформи и со истите ќе го спречиме ширењето на КОВИД-19 вирусот“, соопшти министерот Филипче на Фејсбук.