Филипче: Утре пристига втората пратка вакцини од Србија

Утре на граничниот премин Табановце делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер, информираше министерот Венко Филипче.

Настанот ќе се одржи во 13:30 часот на меѓуграничниот премин на македонската и српската граница, каде се предвидени изјави за медиумите.