Филипче: Состојбата со вирусот е критична, итно да се донесат сите мерки и законски измени

По објавувањето на алармантните податоци за состојбата со Ковид-19 во последното деноноќие во Македонија, министерот за здравство Венко Филипче со повик за итно донесување на сите мерки и законски измени заради справување со епидемијата.

„Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30 % позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен.

Есенскиот бран на вирусот ‘коси’ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран.

Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита“, порача Филипче.