Филипче со поддршка за Мерко и за „зелената агенда“ во Струга

Огранокот на ДУИ од Струга се пофали со поддршката за нивниот кандидат за старо-нов градоначалник Рамиз Мерко од министерот за здравство од СДСМ, Венко Филипче.

„Денеска во придружба на министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Јетон Шаќири, и од директорот на Општата болница во Струга, г-дин Арменд Арслани, одржавме пријателска средба со министерот за здравство, г-дин Венко Филипче.

На средбата допревме различни теми. Господинот Филипче уште еднаш ја изрази својата и поддршката на сите структури на СДСМ во Струга за Зелената агенда.

Ова само ја потврдува големата победа од 31 октомври со уште подлабок резултат од првиот“, објавија струшките интегративци.

Мерко на 31 октомври ќе „трча“ втор круг откако во првиот освои 10.956 гласа, а конкурент му е Идри Истрефи од Алијанса за Албанците и Алтернатива, кој доби 9.421 глас.