За инцидентот во кој владин советник за инвестиции Дејан Николовски на сексуална основа ја нападна кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска молчи владата но молчи и министерот за здравство Венко Филипче.

Според фотографиите објавени на социјалните мрежи Филипче е близок со советникот на Заев Николовски кој Арсовска ја нарече спонзоруша и со користење на сексуални алузии стори говор на омраза.

На фотографијата која е селфи а ја направил Филипче се гледа дека освен блискоста со министерот за здравство Николовски бил близок и со градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Покрај Филипче и Наумовски за навредите од советникот на Заев кој добива 40 илјади денари месечно од владата молчат и Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски кој е задолжен за човечките ресурси и спроведување на кодексот на однесување во владата.

Новинарот Горан Момироски попладнево прашува дали Николовски и Заев ќе го сменеа Николовски ако за нивните сопруги тој речеше дека се спонзоруши на Заев и Ахмети.

Линк до статусот на Момироски

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10226720747107613&id=1317270620

Поврзана вест

Владата го толерира советникот на Заев што на сексуална основа ја нападна Арсовска

Последна вест

Лидерот на ДУИ бара примирје

Ахмети бара Алијанса и Алтернатива да не даваат екстремни изјави за владеење со ‘криминалци’