Министерот за здравство Венко Филипче вчера учествувал на 106.седница на Владата, а тоа може да се забележи од фотографиите што беа приложени од таму.
Филипче на крајот од минатата недела ја понуди својата оставка по пожарот во модуларната болница во Тетово што резултираше со 14 жртви, од кои 12 пациенти и двајца посетители.
Премиерот Зоран Заев во саботата рече дека нема да ја прифати оставката се додека не ги види првичните резултати од истрагата.