Филипче: Немам закани по живот, но ќе имам обезбедување

„Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на уште шест месеци“, вели поранешниот Министер за здравство, Венко Филипче за „Фокус“.

Неговот демант доаѓа по веста дека МВР и понатаму ќе го чува бившиот министер Венко Филипче, иако веќе не е на функцијата прв човек во здравство.

Од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ ја потврдиле веста и објаснуваат дека членови на владата може да имаат обезбедување и по престанокот на функцијата според направена безбедносна проценка.

„Обезбедувањето на личностите е регулирано со Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување врз основа на која Министерството за внатрешни работи во рамките на својата надлежност презема мерки и активности за обезбедување на највисоките претставници на органите на државна власт“, објасни Филипче за Фокус.