Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека не смее да се објави колку дози од вакцината „Фајзер“ ќе добие нашата земја.

„Од компанијата не замолија се уште да не се објавуваат дозите, иако точно знаеме колку дози треба да стигнат во февруари, колку во март и колку во април. Изминатата недела имавме во континуитет телефонски разговори, разменуваме маил со компанијата „Фајзер“ и мислам дека тоа е една политика која успеаја да ја имплементираат заради зголемување на дел од нивното производство”, истакна Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Овие вакцини ќе пристигнат во февруари во Македонија.

Пред 10 дена регионалниот портал Балкан Инсајт објави дека македонските власти преговараат за 400 илјади вакцини од Фајзер.

“Македонија ги очекува првите дози да пристигнат на почетокот на јануари преку платформата COVAX. Македонија очекува околу 400 000 вакцини од COVAX, а исто така преговара со Pfizer за уште 400 000 дози”, објави Balkan Insight на 21 декември.