Министерот за здравство најавува нови рестриктивни мерки за невакцинираните лица покрај оние кои стапуваат во сила утре.
„Во текот на следнава недела ќе дискутираме и за други евентуално дополнителни рестриктивни мерки кои што прво ќе се однесуваат на невакцинираните граѓани, имајќи во предвид дека сега најголем терет во болничкиот систем се невакцинираните пациенти или да се прошири критериумот за влез со најмалку две примени вакцини, односно целосна имунизација и за други места, настани“, вели Филипче во изјава за Канал 5.
Инаку од утре, 15 ноември 2021 година за влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип ќе биде потребен сертификат или потврда за извршена имунизација (вакцинација) од Ковид-19, односно примени две дози на вакцина, или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
