Филипче: Можно е анти-ковид вакцината да стане сезонска

Засега, состојбата со пандемијата на коронавирус во земјава е „прилично мирна“, но едно од можните сценарија во однос на вакцинацијата против ковид-19 е здравствените власти да дадат препорака и за трета доза, но и вакцината да стане сезонска, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Интензивно ги следиме и анализираме препораките во однос на вакцинацијата, вели мисистерот.

„Едно од можните сценарија е да има препорака за трета доза вакцина, а следно можно сценарио е ова да премине во сезонска вакцинација.

Очигледно нема да запре трендот на појава на нови соеви и многу веројатно е дека делта-сојот нема да биде последниот сој на овој вирус. Тоа значи дека предизвиците остануваат и понатаму“, најави Филипче.