Филипче ќе прими вакцина од втората пратка

Во среда во земјава почнува имунизацијата од ковид-19, а првите вакцини ќе бидат наменети за медицинскиот персонал на Инфективната клиника.

Меѓу оние кои ќе бидат први вакцинирани нема да биде и министерот за здравство.

„Министерот за здравство Венко Филипче ќе се вакцинира кога во земјава ќе пристигне втората пратка вакцини. Министерот остава предност на неговите колеги кои се изложени на голем ризик во ковид – центрите низ државата“, велат од неговиот кабинет.

Засега на располагање се 4 680 дози од вакцините на „Фајзер“, кои земјава ги доби од Србија, од каде вкупно треба да пристигнат 8.000.