Министерот за здравство најави можно и одземање на лиценцата за работа на компанијата „Македонијалек“, која, наводно, пуштила во оптек исправни вакцини, но само со етикети за минат рок.

Вакви вакцини со налепници со постар датум најдени се во здравствените домови во Свети Николе, Велес, Демир Хисар и здравствената станица Железничар во Скопје.


Министерот Венко Филиче рече дека при увоз на вакцините и од Министерството за здравство и од Агенцијата за лекови секоја серија на лек била испитана, по што компанијата добила дозвола од Министерството за увоз, а од Агенцијата за лекови добила дозвола за дистрибуција на вакцините.

Налепниците на мкедонски јазик, како што рече Филипче, се ставени по добивање на овие одобренија, дознава порталот СДК

По забраната за прием на невакцинирани деца во градинките во Скопје досега се вакцинирани 1.300 деца, а вакциналните пунктови и натаму ќе работат во две смени.

„Ќе го повторам апелот до граѓаните да ги вакцинираат децата, бидејќи тоа е единствениот начин да го запреме ширењето на болеста. Лани во целата земја се регистрирани 65 случаи на морбили, што не е мала бројка“, вели Филипче.