Филипче ја доби наградата „13 Ноември“, Арсовска не присуствуваше на свеченоста

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, синоќа не присуствуваше на свеченоста за доделување на наградата на Град Скопје „13 Ноември“. Инаку скопските градоначалници традиционално присуствуваат на Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор и воедно ги доделуваат наградите.

Годинава тоа го сторија од жири комисијата, а Арсовска не присуствуваше и на свеченоста во Филхармонија, која покрај со врачување на наградите се одбележа со балетска претстава посветена на ослободувањето на градот пред 77 години.

Меѓу добитниците на наградата „13 Ноември” за 2021 година е и министерот за здравство Венко Филипче. како дел од медицинскиот тим на доктори кои ја изведоа првата операција во Република Македонија, имплантација на вагус нерв стимулатор, кај пациент со епилепсија отпорен на лекови. Признание доби и тимот за имунизација од Ковид-19, при Здравствениот дом – Скопје

Од останатите наградени се уште од областа на науката – проф. д-р Денко Малески и д-р. Емил Нијами.

Од областа на образованието и воспитанието – проф. д-р. Мишо Докмановиќ.

Од областа на публицистиката – Слободан Петровиќ.

Од областа на културата – Ирена Колиштрковска-Настева и Лилјана Пандева.

Од областа на уметност – Емилија Џипунва.

Од областа на меѓународна награда – Раде Шербеџија

Од областа на ученици и студенти – Сандра Недановска, од правни лица Институтот за македонска литература – Скопје и општинското основно училиште „Кирил и Методиј” и село Стајковци, Општина Гази Баба.

На 1 ноември беше спроведено тајно гласање од страна на Одборот за доделување на наградата „13 Ноември” на Град Скопје, по што претседателката на Комисијата, Вангелина Мојановска ги соопшти добитниците за 2021 година.