Филипче ја демантира државната новинска агенција, МИА не ја повлекува “лажната” вест

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја демантираше веста на државната информативна агенција МИА според која медицинскиот центар кој ги покрива Дебар и Центар Жупа, кои се под блокада, останале без епидемиолог.

“Не е точна информацијата која излезе во дел од медиумите дека нема епидемиолог во дебарската болница. Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје, кои дојдоа во поддршка на локалните здравствени работници” , вели министерот за здравство Венко Филипче.

Информацијата за проблем со лекарски специјалисти во Дебар ја објави МИА тврдејќи дека епидемиологот бил во карантин по прегледите на заболени од Корона вирусот.

Во информацијата што вчера ја објави МИА агенцијата го цитираше дебарскиот градоначалник Хакуран Дука.

Попладнево МИА ја објави изјавата на Филипче со која се демантира веста но агенцијата не ја повлече првичната вест ниту има извинување за објавената вест доколу е лажна.