Преговорите меѓу министерот за здравство Венко Филипче и претседателите на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Дарко Димовски и Љубиша Каранфиловски, вечерва завршија со компромис – на штета на газдите.

Така, според информациите што ги објавија медиумите, работниците што не сакаат да се вакцинираат против ковид-19 ќе мора да прават ПЦР тестови, но трошокот ќе падне на товар на работодавците.

За овој предлог, како и за предлогот за задолжителна вакцинација против ковид-19 за здравствените работници и на вработените во јавната администрација, ќе се одлучува на утрешната седница на Владата.