Филипче го обвини Мицкоски за манипулација, доби непријатен совет

Министерот за здравство Венко Филипче ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека манипулира пред јавноста со информациите за изградба на новиот Клинички центар.

“Опозицијата со парцијални документи што ги презентира во јавноста сака да ја искриви сликата за изградбата на новиот Клинички центар, создава конфузија и не ја отсликува реалната ситуација. Се што досега е кажано, се спроведувало и ќе се спроведува во иднина е врз основа на студии, документи, анализи итн. Искрено верувам дека опозицијата ќе собере сила и храброст набрзо да се придружи кон овој процес, можеме на многу конструктивен начин да разговараме”, стои во обвинувањето на Филипче кон ВМРО-ДПМНЕ.

На обвинувањата на министерот одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој изразува сожалување за трансформацијата на Филипче од добар лекар до кловн на Заев кој го загубил своето достоинство.

“Од одличен хирург, надежен министер да завршиш како кловн на Зоран Заев е голем личен пораз… ах колега колега, еден совет, достоинството нема цена!”, му напиша професорот Мицкоски на својот колега професор Филипче.

Наспроти предлогот на Филипче и Заев да се гради еден Клинички центар во Скопје од над 500 милиони евра, Мицкоски предлага градба на два помали во Скопје и неколку засилени здравствени центри во Битола, Тетово, Охрид, Битола, Штип…