Министрите, но и другите јавни функционери од власта се тестирале ургентно во јавните здравствени установи, бесплатно и без да чекаат, бидејќи морало да се заштити функционирањето на државните институции.
Овој одговор го доби новинарката Мери Јордановска од министерот за здравство Венко Филипче, на нејзиното прашање каде се тестирале неговите сопартијци за Ковид-19, односно дали платиле приватно или оделе преку ред, со оглед на тоа што се чека по минимум 8 дена за тестирање преку Мој термин.
„Тие се тестираа во јавно-здравствените установи. Сите лица кои се на јавни функции и се дел од виталните органи на власта се третираат како ургентни случаи за тестирање. Ова не се прави заради никаква политичка привилегија, туку заради заштита на функционирањето на државните институции. Ова е пракса во сите земји во светот и тоа не само за пандемии, туку за секоја друг тип елементарни непогоди. Секогаш приоритет на заштита се дава на носителите на високи државни функции со цел заштита на нормалното функционирање на државата. Ве повикувам ова слободно да го проверите во сите останати земји“, одговорил Филипче на едно од прашањата на новинарката Јордановска која му ги постави јавно на министѕерот за здравство. (Фактор)