Филипче: Догодина 100.000 денари плата за лекарите

Министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека владата ќе го исполни ветувањето од идната година лекарите-специјалисти да добиваат плата од 100.000 денари.

„По зголемување на платите и дежурствата за здравствените работници минатата и оваа година, во овој момент се прават пресметки за тоа колкава сума на пари од централниот буџет треба да се одобри и да се зголемат дополнително платите на лекарите специјалисти, со цел согласно нашите ветувања, следната година да стигнат до 100.000 денари“ одговори Филипче на новинарско пшрашање и додаде дека нема да бидат заборавени ни медицинските сестри и средниот персонал и нивните примања, јавува порталот СакамДаКажам.