Министерот за здравство со нова идеја како да се обезбеди безбеден престој во училиштата а воедно да се испочитува препораката за физичко присуство на децата од прво до трето одделение.
„ Има многу барања и размислувања и многу дилеми, следиме и гледаме многу искуства од многу земји во светот, но ние одлучивме и тоа само така може да биде, приоритет ќе биде заштита на здравјето на граѓаните.
Препораката е да не се излегува од училниците за време на одморите и овие три одделенија кои ќе почнат, односно прво, второ и трето одделение да почнуваат во различно време со временска дистанца од 10 минути за да не се сретнуваат на влезот, ниту, пак, на крајот на часовите.
Сакаме да ги избегнеме оние лоши сценарија кои ги видовме во земјите кои ги отворија целосно училиштата“, рече министерот Венко Филипче во гостување на Сител.