Филипче: 67 заразени, еден починат


Од 868 направени тестирања на ковид-19 во последното деноноќие, 67 се позитивни. Има 27 оздравени пациенти и еден починат, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека денеска до доцна попладне се чека подетална статистика за состојбата со епидемијата, како и за распределбата по градови на случаите од последното деноноќие.