Под обележјето „Македонско чудо“ во фотографијата со Елиф Елмас и Аријан Адеми од триумфот од 2:1 над Германија во Дуизбург, ФИФА на својот официјален налог на Твитер за Светското првенство им ги стопли срцата на сите Македонци со коментарот „Каква ноќ за да се биде Македонец!“.

„Енис Барди блескаше, 37-годишниот Гордан Пандев и 21-годишниот Елиф Елмас ги постигнаа головите, а Северна Македонија го направи шокот во досегашниот тек на европските квалификации за СП и несомнено најдобриот резултат во својата историја во Германија. Каква ноќ да се биде Македонец!“, твитна ФИФА, бркнувајќи им директно в око на негаторите на македонскиот национален идентитет.