ФИФА го испофали Алиоски на Твитер

Светската фудбалска федерација (ФИФА) во објава на Твитер ја глорифицира формата на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

„Врвен во победата на Северна Македонија над Германија од 2:1 на гости во мундијалските квалификации. Врвен за Лидс јунајтед, кој го шокира Манчестер Сити со 2:1 на гости во Премиер лигата.

Малку понеделничка мотивација од човекот што ги живее најубавите моменти од неговата кариера, Езгјан Алиоски“, се вели во твитот.