Светската кошаркарска федерација на својата официјална страница на Твитер потсетува на едно од најголемите изненадувања на европските првенства, кога во 2011 година Македонија го победи домаќинот Литванија со 67:65 и се пласира во полуфиналето.

Јунак на сензационалниот триумф беше Владо Илиевски, кој прво со тројка, а потоа и со едно реализирано слободно фрлање и со намерно промашување на второто, го легна на плеќи големиот фаворит и еден од претендентите за (нај)висок пласман.