Фудбалската федерација на Македонија ја демантира објавата на српски „Курир“ дека Хрватот Роберт Просинечки ќе ја води Македонија во дебито на европските првенства в година.
Прво ќе се разговара со селекторот заслужен за историскиот пласман на големо натпреварување, Игор Ангеловски, кому договорот му истекува на крајот од годинава, нагласуваат од ФФМ.
Порталот од Србија „неофицијално дознава“ дека поранешниот селектор на Босна и Херцеговина, кому последен тренерски ангажман му беше бо турски Денизлиспор до крајот на ноември, ќе бил промовиран како селектор на Македонија во наредните денови.