Expres.mk во продолженија го објавува делото на професор Далибор ЈОВАНОВСКИ кое е изворен научен труд со наслов ,,БАВНОТО ОТКРИВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ”.

Кратка содржина

Постојаното тврдење, дури и во 21 век, дека Македонците се измислена
нација од страна на Коминтерната и Титова Југославија, налагаат истражува-
ња со цел да се покаже дека формирањето на македонската нација воопшто не
било решение на една интернационална левичарска организација, туку дека тоа
е еден природен процес, сличен како и кај другите нации во регионот.

Продолжение

Завршувањето на Балканските војни, протерувањето на Османлиите
од регионот и поделбата на Македонија помеѓу балканските држави не значело и крај на прашањето за припадноста на македонското население.

Јерг во својата студија посветена на новите граници во регионот и прашањето на судбината на населението се осврнал и на Македонија. Според неговото размислување Македонците би требало да бидат сметани како Словени кои се наоѓаат помеѓу Србите и Бугарите (Joerg, 1913: 829).

Ваквите
размислувања не биле нови, ниту пак ќе престанат да бидат изложувани
во следниот период.
Воспоставувањето на Македонскиот фронт во Првата светска војна каде војските на Антантата и на Централните сили воделе жестоки битки предизвикало големи страдања на локалното население. Меѓутоа офицери на завојуваните страни, новинари, обични војници започнале да пишуваат книги и статии за самите воени дејствија во кои се осврнале и на локалното население.

Италијанецот Луиџи Вилари бил офицер за врски во британската команда на Македонскиот фронт. Една деценија по завршува-
њето на Првата светска војна била објавена една негова статија за македонското прашање. Интересно е да се забележи дека Вилари сметал оти Македонците биле повеќе наклонети кон Бугарија отколку кон Србија, но се-
пак ги рангирал како посебен народ.

Според него трите народи – Србите,
Бугарите и Македонците зборувале многу слични словенски јазици. Исто-
ријата ги раздвоила Србите и Бугарите, а Македонците, народносно и ја-
зично биле помеѓу нив (Villari, 1928:152). Британецот Даглас Волш бил на
Македонскиот фронт и по завршувањето на воените операции објавил ед-
на книга во која ги изнел своите впечатоци. Тој во својата книга посветена
на настаните на Македонскиот фронт се осврнал и на локалното население
и секако на делувањето на британските војници.

Интересно за темата која
ја обработуваме е неговата забелешка за јазикот, поточно за еден од јази-
ците кои се говореле во Македонија. Пишувајќи за словенскиоте муслима-
ни тој забележал дека тие говорат македонски или како што напишал ma-
cedonski (Walshe, 1920:188).

Волш опишувајќи го секојдневието на британ-
скиот војник на фронтот се осврнал и на јазиците кои војникот ги слушал
и тука го спомнува јазикот како macedonski (Walshe, 1920: 199).
Мислењата на Вилари и Волш околу населението во Македонија и јазикот, кој тоа го зборувало, не биле единствени во времето на Првата светска војна.

Иако воените дејства биле главниот интерес на јавноста во тој период, научниците се занимавале со своите теми и истражувања. Прашањето за Македонците и нивниот јазик односно дали тој постоел како са-
мостоен или пак бил дијалект на некој друг словенски јазик, пред сè на бу-
гарскиот, продолжувало да биде тема во некои статии. Леон Доминиан во
својот труд за јазичните области во Европа се осврнал и на состојбите во
Македонија која веќе била дел од четири балкански држави.

Иако повеќ сметал дека Македонците и нивниот јазик се бугарски, внимателното чи-
тање на неговата статија покажува една неодреденост по тоа прашање. Доминиан пишува дека Македонците како народ се преоден елемент помеѓу Србите и Бугарите. Истото го констатира и за македонскиот јазик (Domini an, 1915: 436). Една година подоцна се појави студијата на Бак за јазикот и
националноста.

За разлика од Доминиан, Бак прави споредба на проблемот со јазикот на Македонците со некои други примери од словенскиот
свет. Според него постојат прашања дали словачкиот јазик е посебен или
дијалект на чешкиот, дали украинскиот е посебен или дијалект на рускиот
и тоа што е за нас интересно дали словенскиот говор во Македонија е бу-
гарски, српски или македонско словенски (Buck, 1916:61). За него лингвис-
тите се поделени околу ова прашање.

Овие два примери ни покажуваат
колку било тешко да се признае фактот дека македонскиот јазик, иако сè
уште не бил кодифициран, сепак постоел како што постоеле и постојат говорни јазици кои не биле и не се кодифицирани.

Интересно е да се забележи дека за време на Првата светска војна се
водела една подолга и жолчна дискусија помеѓу Херман Вендел, герман-
ски пратеник од Социјал-демократската партија и Димитар Ризов, бугар-
ски дипломат од македонско потекло.

За Ризов, кој по потекло бил од Битола, припадноста на Македонците била јасна – тие биле Бугари. За нас поинтересно е мислењето на Вендел, кој од страна на Ризов бил обвинуван дека имал просрпски ставови кога била во прашање Македонија и тамош-
ното словенско население.

Сепак внимателното читање на текстовите на
Вендел нè води до заклучок дека тој Македонците не ги сметал ниту за Бу-
гари, ниту пак за Срби, туку за посебен словенски народ кој сè уште, пора-
ди историските околности, немал изградено цврста национална свест.
(Вендел, Ризов, Томиќ, 2014: 5-8, 17-23). Интересно е да се забележи дека
Вендел, во дискусијата со Ризов, се повикувал и на автори кои сметале де-
ка Македонците не биле ниту Бугари, ниту пак Срби. За нас е интересно
мислењето на Теобалд Фишер, кој како што ни прикажува Вендел, сметал
дека „мнозинството од македонското население не е ниту српско, ниту бу-
гарско, туку самото е формирано од јужните Словени во Македонија без
јасно национално чувство“ (Вендел, Ризов, Томиќ, 2014: 7). Треба да се по-
тенцира дека Вендел и Ризов во текот на Првата светска војна биле прет-
ставници на две сојузнички земји во рамките на Централните сили – Гер-
манија и Бугарија. Самиот Вендел по завршувањето на војната го посетил
делот од Македонија кој бил во рамките на новоформираното Кралство на
Србите, Хрватите и Словенците и своите впечатоци ги изнел во една него-
ва книга. За време на посетата на Македонија, Вендел во Ресен на неговото
прашање до група деца што се по националност го добил одговорот – Ма-
кедонци, а во соседна Битола се сретнал со еден тамошен интелектуалец
кој му говорел за посебна македонска народност и желбата за создавање
на македонска автономна област со седиште во Скопје (Wendel, 1922: 92).

Продолжува

Детали за авторот

Професор Далибор Јовановски

Првиот и вториот дел од фељтонот

(ФЕЉТОН) Бавното откривање на Македонците (2) – Проф. Далибор Јовановски

(ФЕЉТОН) Бавното откривање на Македонците (1) – Проф. Далибор Јовановски