Expres.mk во продолженија го објавува делото на професор Далибор ЈОВАНОВСКИ кое е изворен научен труд со наслов ,,БАВНОТО ОТКРИВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ”.

Кратка содржина

Постојаното тврдење, дури и во 21 век, дека Македонците се измислена
нација од страна на Коминтерната и Титова Југославија, налагаат истражува-
ња со цел да се покаже дека формирањето на македонската нација воопшто не
било решение на една интернационална левичарска организација, туку дека тоа
е еден природен процес, сличен како и кај другите нации во регионот.

Продолжение

На Балканот, во текот на првата половина на 19 век, активни станале протестантските мисионери кои преку преводите на Библијата на локалните дијалекти и јазици настојувале да го остварат своето влијание. Не-
колкувековното османлиско владеење со регионот предизвикало заборава-
ње на минатото на народите од регионот, но и недостаток од христијански теолошки текстови на локалните јазици и дијалекти.

Светото писмо било преведувано од англиски на некој од балканските јазици или дијалекти. За своите активности, протестантските мисионери редовно пишувале во списанието „Missionary Herald“. Во еден од броевите на ова протестантско
списание најдовме текст кој се однесува на преводот на Новиот завет на
балканските јазици. Така, во известувањето за преводот на Библијата е напоменато дека словенската верзија од времето на Кирил и Методиј била неразбирлива за обичниот човек. Така, свештеникот Неофит ја превел Биб-
лијата од словенски на македонски дијалект, а Петко Славејков од грчки на
источнобугарски дијалект. (Missionary, 1867:381). Иако авторот или авторите
на овој текст сметале дека македонскиот и источнобугарскиот дијалект биле
еден јазик, сепак преводот на два посебни дијалекти ја покажува разликата
меѓу нив. Инаку зошто би се преведувала Библијата на македонски дијалект
доколку источнобугарскиот бил разбирлив во Македонија?

Спомнувањето на преводот од словенски на македонски дијалект на
некој начин го отвора прашањето каде настанал тој словенски или поточ-
но старословенски јазик? Одговорите биле јасни, но и интересни. Чешкиот
славист и свештеник Јозеф Добровски, пишувајќи за настанувањето на ста-
рословенскиот јазик забележал дека старословенскиот јазик од времето на
Кирил и Методиј бил српско-бугарско-македонски дијалект, јазик на Сло-
вените од Солун (Biblical, 1834:346). Оваа интересна констатација на Доб-
ровски нè води кон една друга теза за јазикот на словенското население во
Македонија од средниот век, во 19 век и подоцна било означувано како
старобугарски или бугарска варијанта на старословенскиот јазик.

Ова секако е поврзано со нашата тема, но и со односот кон определувањето на
припадноста на македонското население. Во 1916 година се појави една
статија на Принс за еден старословенски текст, хрватска варијанта, напи-
шан на глаголица кој се наоѓал во една приватна библиотека во Њујорк.

Според Принс сосема погрешна била тезата старословенскиот јазик, настанат во Македонија, да се нарекува старобугарски (Prince, 1916:359). За него несловенските Бугари го прифатиле словенскиот идиом кој помалку се разликувал од српскиот и рускиот во однос на црковнословенската форма
на македонскиот.

Може да заклучиме дека тој го разликувал средновековниот старословенски јазик кој се говорел во Македонија и оној на словени-
зираните Бугари. Во таа насока би спомнале и една книга која се појавила
во Англија во 18 век и се однесувала на словенските јазици. Според авто-
рот на книгата во словенските јазици бил и западномакедонскиот (Brere-
wood, 1774:70) и сето ова нè води кон едно логично прашање дали имало
односно дали странските научници, патописци, новинари или дипломати
ги забележувале Македонците како посебен народносен елемент без разлика дали ги нарекувале Македонци, Славомакедонци или Македонски Словени? Одговорот е позитивен.

Треба сепак да се каже отворено дека
биле во помал број во однос на оние кои Македонците ги поврзувале со
соседните народи, посебно со Бугарите.

Избувнувањето на Големата источна криза во 1875 година повторно
го врати Балканот во центарот на вниманието на европските влади и јавност.

Во европските земји со голем интерес се следеле настаните во регио-
нот, а европските сили покажале голема активност со цел да дојде до сми-
рување на состојбите, но и да ги остварат своите интереси. Последното
особено било важно за Русија и за Австро-Унгарија. Во европскиот печат
постојано било пишувано за балканските состојби, а исто така биле објаве-
ни и многу книги, статии и пропагандни брошури за регионот и за негова-
та иднина. Активност покажале и некои интелектуалци и дипломати од
балканските земји. Тука мислиме на оние од независна Грција и автоном-
на Србија.

Па така, во влијателното британско списание „Macmillan’s Magazine“ била објавена една статија која се однесувала на размислувањата за
Источното прашање од балканска гледна точка.

Авторот на статијата се
потпишал со псевдоним и според потписот бил Србин. Самата статија не
би била интересна за нашиот труд доколку во неа не била спомната и Македонија. За авторот во Македонија живееле Срби и Бугари, но и еден друг
народ кој тој го именувал како Македонци (A Servian, 1876-1877).

Според
него Македонците ги имало 1 000 000 на број. Мошне интересен е неговиот
став за јазикот на Македонците, како што тој ги нарекува, кој се наоѓал по-
меѓу српските и бугарските дијалекти (A Servian, 1876-1877:161). Ова него-
во размислување во иднина ќе го делат и други автори.

Појавата на Македонската револуционерна организација, во 1893 го-
дина, и нејзината борба за автономија на Македонија, придонела на поче-
токот на 20 век да се актуализира македонското прашање. За Македонија и
за состојбите со нејзиното население покажале интерес голем број на но-
винари, политичари, дипломати и научници. Секако во склоп на тој инте-
рес била и етнолошката ситуација, таква каква што ја доживувале. Не би
било научно коректно доколку не споменам дека многумина и тогаш Ма-
кедонците ги поврзувале со Бугарите, но сепак сè повеќе било забележли-
во дека македонската борба е автохтона, но и дека македонското население
сепак не било бугарско. Настаните во Македонија ги заинтересирале и на-
учниците од словенските земји или државите кои имале голема словенска
популација, како на пример Австро-Унгарија. Во Виена во 1903 година се
појавила една книга во која се објаснувале состојбите во Македонија. Автор
на книгата Македонија и проблемите во Турција бил извесен Герсин. Всуш-
ност зад овој псевдоним стоел Словенецот Нико Жупанич.

Книгата, за жал
не ја користевме, но во „Љубљанско звоно“ се појавила критика за истата.
Во критиката се говори за словенските Македонци, Македонци и за нивна-
та борба за слобода против османлиската власт. Од неа дознаваме дека ав-
торот проценил дека мнозинството од населението во Македонија го сочи-
нувале Македонските Словени кои броеле 2 146 336 (А.А., 1903: 314 – 315).
Веќе следната година Нико Жупанич објавил една студија за Македонија,
за нејзината историја, култура и народносниот состав. Тука ќе се задржи-
ме на неговото размислување за Македонците и прашањето дали тие се посебен народ во однос на Бугарите и Србите, прашање кое сè повеќе ги
преокупирало и научниците и политичарите и дипломатите.

Пишувајќи
за македонската историја, Жупанич забележал дека еден од најтажните
моменти за македонските Словени било укинувањето на Охридската архиепископија во 1767 година и нејзиното припојување кон Цариградската
патријаршија (Županić, 1904: 79).

Ова намерно го потенцираме бидејќи за
разлика од голем број други автори, тој Охридската архиепископија на ја
поврзува со Бугарија. Исто така, за него Самоиловото Царство е шопско –
македонска држава (Županić, 1904: 88). Жупанич е мошне внимателен кога
говори околу прашањето за постоењето на Македонците, но сепак може
да заклучиме дека тој користејќи го името шопски Македонци, а спомену-
ва и таков јазик, ги одвојува нив од Бугарите и Србите, иако смета дека не-
достатокот на развиена национална свест може да доведе до нивно претопување (Županić, 1904: 86-88).

Сличен интерес за македонските состојби
бил покажан и во Чешка. Во едно тамошно влијателно списание познати-
от правник Бохумил Бакса ја објавил статијата „Македонското прашање“.
Во неа тој се осврнал и на етнолошкиот состав на населението во Македо-
нија. Според него, мнозинството од населението го сочинувале македон-
ските Словени, кои биле присвојувани и од Бугарите и од Србите (Baxa,
1903: 714). Бакса е мошне внимателен во именувањето на Македонците, иа-
ко може да забележиме дека е воздржан во тврдењето дека тие се посебен
народ, сепак тој нив ги именува како македонски Словени. Слично на Бак-
са размислувал и Карасек кој објавил една помала студија за јазикот на ка-
ко што ги нарекува македонските Словени. Карасек сметал дека народнос-
та на македонските Словени може да се одреди после целосното проучување на нивниот јазик, а српските и бугарските тврдења ги сметал за политички и дел од нивната пропаганда (Karasek, 1903: 116-117).

Интересно е да забележиме дека тој сметал оти најголемиот дел од масата на населението
се чувствувала како македонска, но интелектуалците биле поделени на Ср-
би и Бугари (Karasek, 1903: 117). Оваа негова забелешка е најверојатно точ-
на и подоцна ќе има влијание врз решавањето на македонското прашање.
Македонците се јужнословенски народ кој има сопствен јазик, за
жал и денес оспоруван, иако славистиката, со исклучок на бугарската, одамна го има признато како посебен.

Затоа во овој дел од нашиот труд ќе
дадеме еден пример кој говори како некои словенски научници гледале на
македонската посебност. Професорот П.Е. Казански од Одеса во својот из-
вештај за општословенскиот Собор во бугарската престолнина дал некои
размислувања за делувањето во иднина. Меѓу другото тој забележал дека
на Соборот не биле претставени сите политички партии, но и понеразвие-
ните „словенски племиња (Македонци, Лужичани)“ (Славянскиій, 1910:
30). Ова само ни покажува дека во некои руски кругови веќе било јасно по-
стоењето на посебен словенски народ – македонскиот

Продолжува

Детали за авторот

Професор Далибор Јовановски

Првиот и третиот дел од фељтонот

(ФЕЉТОН) Бавното откривање на Македонците (1) – Проф. Далибор Јовановски

Секогаш присвојувани, секогаш негирани, секогаш опстојувале

(ФЕЉТОН) Бавното откривање на Македонците (3) – Проф. Далибор Јовановски