Во наредниве денови expres.mk во продолженија го објавува делото на професор Далибор ЈОВАНОВСКИ кое е изворен научен труд со наслов ,,БАВНОТО ОТКРИВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ”.

Кратка содржина

Постојаното тврдење, дури и во 21 век, дека Македонците се измислена
нација од страна на Коминтерната и Титова Југославија, налагаат истражува-
ња со цел да се покаже дека формирањето на македонската нација воопшто не
било решение на една интернационална левичарска организација, туку дека тоа
е еден природен процес, сличен како и кај другите нации во регионот.

Блискоста
на македонскиот со бугарскиот, а делумно и со српскиот јазик воопшто не е ар-
гумент за негирање на постоењето на македонскиот како посебен јужнословен-
ски јазик.

Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, борбата која ја поведе Маке-
донската револуционерна организација за создавање автономна македонска
држава предизвика огромен интерес кај дипломатите, политичарите, новина-
рите и интелектуалците во Европа, но и во САД.

Како резултат на тој инте-
рес излегоа многу студии и памфлети поврзани со Македонија и можното реша-
вање на македонското прашање. Навидум, тезите на науките од некои соседни
земји одат во нивен прилог, но сепак внимателното истражување покажува не-
што сосема спротивно.

Имено, многумина забележале дека македонското словенско население воопшто не било ниту бугарско ниту српско, туку еден посебен јужнословенски народ присвојуван од соседите. Исто така, како на пример
во САД, каде имало право на слободно декларирање на националното чувство,
дел од македонските емигранти се изјасниле така како што се чувствувале, од-
носно како Македонци.

Британецот Џон Фостер Фрејзер патувајќи низ Балканот на почето-
кот на 20 век ја посетил и османлиска Македонија. Во својата книга посве-
тена на Балканот тој се осврнал и на етнолошката состојба во споменатата
османлиска област. Фрејзер си го поставил прашањето: Кои се Македон-
ците? Според него можеле да бидат најдени Бугари и Турци кои себе си се
сметале за Македонци, можеле да бидат забележани и Срби и Грци кои се
декларирале за Македонци, а можно е да се најдат и Романци кои се сме-
тале за Македонци.

За него не постоел ниту еден христијанин во Македонија кој не бил Бугарин, Србин, Грк, Турчин или Романец (Frazer: 1906, 5).
Лесно е да се заклучи дека за него не постоел посебен македонски народ,
туку името Македонец било поврзано со регионот Македонија. Постојат и
други примери кои говорат во насока на тоа што го напишал Фрејзер.

Тука, поради ограничениот простор би ја спомнале и статијата објавена во британското списание „Quarterly Review“ каде може да прочитаме слично размислување како она на Фрејзер. Според непотпишаниот автор на ста-
тијата, македонска нација како посебна не постоела, туку терминот Маке-
донец се користел за да ги означи сите жители на регионот Македонија
(Quarterly Review:1903, 472).

За авторот на статијата сосема била погрешна
мислата на Гледстон за Македонија на Македонците, бидејќи последните
не биле посебен народ. (Quarterly Review:1903, 480).

Постојат бројни други
примери кои не забележуваат или пак признаваат постоење на посебен
македонски или на македонски словенски народ. Навидум работите се јас-
ни за тогашните патописци, лингвисти, историчари, новинари или дип-
ломати.

Сепак, внимателното истражување нè води кон еден друг погле од кој може да извлечеме сосема поразличен заклучок.

Чешкиот славист Нидерле бил застапник на тезата дека Македон-
ците говорат бугарски дијалект и имаат бугарско народносно самосозна-
ние. Сепак, внимателното читање на некои од неговите дела откриваат не-
што сосема друго од тоа што овој познат чешки славист пишувал во него-
вите трудови. Во својата книга „Македонското прашање“ Нидерле детално
го објаснува проблемот кој ја оптоварувал и европската дипломатија, но и
односите помеѓу балканските држави кои меѓусебно војувале за Македо-
нија под изговор дека ги ослободувале своите сонародници во оваа област.
Иако Нидерле бил застапник на тезата дека Македонците се Бугари, а нив-
ниот јазик бил бугарски, во оваа негова книга сретнавме едно интересно
размислување. Пишувајќи за националноста и јазикот на Македонците,
Нидерле и покрај својот став дека истите биле Бугари, напишал „Со ова не
сметам дека прашањето на народноста на македонските Словени е одгово-
рено, посебно ако фрлиме поглед врз некои делови од Македонија…“,
(Нидерле, 2014:41)

Оваа негова мисла ме поттикна да истражувам зошто, иако тој Македонците ги сметал за Бугари, напишал дека прашањето на
македонската националност е неодговорено.
Истражувањата секогаш носат многу прашања, но и интересни наоди. Прашањето за јазикот на Македонците во текот на 19 и почетокот на
20 век се сметало дека било одговорено и истото било јасно. Најголем дел
од тие што пишувале за Македонија и Македонците сметале дека словен-
ското население во Македонија било бугарско, но имало и такви кои сметале дека Македонците биле Срби (Γουναρης, 2010: 25-46).

Одредени книги од 19 век ни даваат интересни податоци кои може да помогнат во давање-
то на одговорот зошто Македонците не биле забележани како посебен на-
род или пак зошто постоела разлика помеѓу нивното дефинирање како
Бугари или Срби, а подоцна како посебен словенски народ.

Втор дел од фељтонот

За историските наоди кои многумина околку нас би сакале да исчезнат

(ФЕЉТОН) Бавното откривање на Македонците (2) – Проф. Далибор Јовановски

Продолжува

Детали за авторот

Професор Далибор Јовановски